Еден загинат и еден повреден тешка сообраќајка кај Прилеп


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Вчера доцна попладне на излезот на Прилеп кај Лагово на патот кон Битола се случила тешка сообраќајна незгода во која според првините информации на полицијата едно лице загина, а најмалку еден патник е тешко повреден.

Во сообраќајката учестувале две патнички моторни возила едното со скопски регистарски ознаки, а другото со битолски. Починатото женско лице како што велат од полиција било во автомобилот со скопски регистарски ознаки.

Друго лице кое е повредено било транспортирано на клиниките во Скопје.

Заради сообраќајката патот Прилеп Битола неколку часа беше затворен за сообраќај, а возилата се пренасочуваа по стариот пат.