Home Актуелно Двајца мртви и двајца тешко повредени е билансот од сообраќајка кај село Лакавица

Двајца мртви и двајца тешко повредени е билансот од сообраќајка кај село Лакавица

Двајца мртви и двајца потешко повредени е билансот од сообракајната несрека што рано утринава се случи на регионалната делница Штип кон Радовиш, кај село Лакавица.

Околу 6:40минути кога од засега непознати причини патничко возило Фолксваген Шаран во кое се превезувале четворица градежни работници излетало од патот,удрил во брегот и се превртело. Патниците во автомобилот биле од Кривопаланечко и работеле на градежен објект во Струмица.

Возачот на Шаранот е задржан во штипската болница, а 55годишниот сопатник со скршеници на ребрата е транспортиран на клиниките во Скопје.

Излезот од штипското село Лакавица е позната црна точка на оваа делница.Патот е тесен, кривината лоша, а возачите често пати не ја почитуваат патната сигнализација,коментираат мештаните кои бараат почести полициски контроли.

Телата на починатите се дадени на обдукција, извршен е увид на лице место,по што ке се утврдуваат причините за несреката.инаку од јануари до сега на оваа делница се регистрирани девет сообракајни несреки без жртви.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…