ДУИ и СДСМ цврсто стојата на идејата за избори во јули, ВМРО-ДПМНЕ смета дека тогаш е тешко да се организираат избори


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ставот на опозициската ВМРO-ДПМНЕ е дека Македонија има потреба од политичка влада и предвремени избори, но без да има жртви, поради што ставот е дека во јули многу тешко е да се одржат избори.

„Како може ние во состојба со растечки број на заболени да испланираме точен датум за избори? Не велам дека не е можно, но не знам кој ќе биде кредибилитетот на овие избори. Ние сè уште не го знаеме врвот на ситуацијата, дали ќе расте бројот. Тврдењето дека бранот ќе падне е неиздржано “, рече Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Отворено“ на ТВ24.

За разлика од него, потпретседатeлката на СДСМ Мила Царовска и Аран Груби од ДУИ кои исто така учествуваа во емисијата, сметаат дека изборите треба да одржат во термин во јули и на нив треба да учествуваат сите партии.

„Барањето за предвремени избори доаѓаше токму од опозицијата, тие учествуваа во целиот процес и се во техничката и пржинската влада и имаат бројче за изборното ливче што значи дека се учесници во изборите. Искрено се надевам дека ќе донесат одлука за учество на изборите“, рече Царовска.

Групи пак, ДУИ ќе учествува на изборите без разлика дали опозицијата ќе учествува на нив.

Посочува дека бојкотот не донел успех на ниту една политичка партија и дека за бојкот мора да силна причина, додавајќи дека ниту еден од лидерите – ниту Мицкоски, ниту Заев ниту Ахмети не може да натпреваруваат кој повеќе се грижи за јавното здравје.

„Јас сум убеден дека било кој термин да го определиме за одржување на избори, сите партии ќе учествуваат, зошто не може да си го дозволат луксузот да не учествуваат на избори кои се признаени од сите институции и од меѓународната заедница и со мониторинг на ОБСЕ/ОДИХР“, рече Груби во „Отворено“.

Тој го кажа ставот на неговата партија дека изборите треба да се одвиваат во неколку дена, за посебно да гласаат прензионерите, заболените и другите, и дека се отворени за сите опции.