Дуа Липа повторно ги нервира Србите (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Светски познатата пејачка, која по потекло е од Приштина, славната Дуа Липа, предизвика бура од реакции на социјалните мрежи со видеото кое го објави на Инстаграм, а на кое зборува на албански јазик. Како и претходно, најмногу нетрпение и реакции имаше од нејзините српски обожаватели.

Таа на снимката на која зборува на албански напишала дека би требало да поработи на изговорот, а фановите со коментарите ја нападнале дека повторно провоцира.

A post shared by DUA LIPA (@dualipa) on

Таа уште на времето проговорила на темата Косово и отворено се заземала за независноста на оваа територија, што предизвика гневни реакции најмногу од страна на следбениците од Србија.

A post shared by DUA LIPA (@dualipa) on

„На некој начин го претставувам Косово, јас сум амбасадор на мојата држава. Многу ме поддржуваат, сит од таму, со се што направив во претходните неколку години, од почетокот е така. Косово е мала држава, сите навиваат за тебе и се гордеат“, кажала Дуа за Tајм, а во едно интервју од порано кажала дека морала да се врати во Лондон, затоа што таму имала многу повеќе шанси да направи светска музичка кариера.

A post shared by DUA LIPA (@dualipa) on