Home Вебкафе Драма во Аргентина: Фудбалер уби голман со нож! (видео)

Драма во Аргентина: Фудбалер уби голман со нож! (видео)

Улична тепачка меѓу двајца аргентински фудбалери во Буенос Аирес заврши со трагедија. Сигурносните камери снимија како во неколку ситуации двајцата фудбалери се тепаат, а на крајот едниот со нож го убива другиот.

Факундо Еспиндола, голман кој бранел за аргентински нисколигаши, почина по смртоносен убод со нож. А, како убиец е идентификуван Нахуел Овиедо, напаѓач на аргентински и чилеански клубови.

Двајцата фудбалери се спречкале додека биле пред еден ноќен клуб, а засега мотивите се непознати. Сведоците велат дека прво било само вербална провокација, а потоа и неколку пати физички се пресметале. Во еден момент на камерите се гледа како Овиедо во раката држи нож и го усмртува Еспиндола.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Една фраза што НИКОГАШ не треба да ја кажете кога некој поминува низ тежок период

Кога некој минува низ тежок период, повеќето луѓе сакаат да помогнат, но често првите збор…