Home Актуелно Доктор Вело Марковски најави кандидатура за претседател на Македонија

Доктор Вело Марковски најави кандидатура за претседател на Македонија

Македонскиот доктор-инфектолог Вело Марковски кој во јавноста стана популарен по своите гостувања и изјави поврзани со пандемијата од Ковид 19, денес официјално најави дека влегува во трката за Претседател на државата.

Според информацијата која денес беше споделена со медиумите, тој во четврток на официјален настан ќе ги објави своите намери за влегување во претседателската трка.

Во 2020 година Марковски стана дел од највисоките органи на опозициската ВМРО ДПМНЕ, но не е познато дали тој во претседателската трка ќе оди како предлог на оваа политичка партија или како независен кандидат.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…