ДИК констатира: Поради излезност од 36,9% референдумот е неуспешен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поради неисполнување на цензусот, еден од главните услови во законската одредба, референдумот е неуспешен бидејќи излезноста на гласачите од вкупниот број на гласачи беше 36,9 насто, констатираа од Државната изборна комисија.

И покрај тоа што над 90 отсто од гласачите кои излегле на референдумот се изјасниле „ЗА“ по прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција, недоволната излезност значи дека одлука не е донесена, велат од ДИК. На вчерашното референдумско изјаснување гласале 36,9 отсто од запишаните избирачи, или 666.743 гласачи.

Во однос на наводите за неправилности и инциденти на избирачките места, од Комисијата велат дека најпрво ќе се утврдува дали тие навистина се случиле, а потоа ќе се постапува по евентуалните прекршувања.

Од ДИК со став, Македонија вчера имала мирен референдумски ден, кој минал во добра атмосфера, а со тоа земјава покажала дека има демократски капацитет да спроведе референдум.