Ди Каприо и Бред Пит им кажале „НЕ“ на улогите за ГЕЈ ПАР


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кога филмот, „Планината Броубек“ се појави во кината во 2005. година, се подигна голема прашина.

Драмата за каубојскиот геј пар ги лансираше кариерите на Џејк Гиленхал и Хит Леџер. Фантастичните изведби ги донесоа до тоа да бидат номинирани за многу награди, па и Оскар, а филмот и денес е пофален од страна на публиката и критичарите.

Меѓутоа, патот до тоа бил прилично тежок. Само снимањето на филмот повеќепати било доведено во прашање.

Првиот избор за режисерот бил контроверзниот Гас Ван Сант.

„Никој не сакаше да го работи тој филм. Јас го прифатив тоа и сакав силна ѕвездена постава. Мислев дека ни се потребни познати глумци за да го изџведеме тоа. Тоа не одеше. Ги прашав сите вообичаени први избори – Леонардо Ди Каприо, Бред Пит, Мет Дејмон, Рајан Филипе, сите одбија“, истакна Ван Сант.

Додава дека денес реагира поинаку и помалку се фокусира на ѕвезди, а повеќе на давање на улоги на помлади и помалку познати актери.

Ван Сант на крајот се откажа од режирањето на „Планината Броубек“ и таа работа замина кај Анг Ли. Тој за улогите на Енис и Џек ангажираше за сите непознат тандем.

Леонардо и Бред моментално го снимаат својот прв заеднички филм, „Once Upon a Time in Hollywood“, на Квентин Тарантино за убиствата на Чарл Менсон.