Home Актуелно Џим Јонг Ким ненајавено ја напушти претседателската функција во Светска банка

Џим Јонг Ким ненајавено ја напушти претседателската функција во Светска банка

На почетокот од неговиот втор претседателски мандат во Светска банка, Џим Јонг Ким соопшти дека се повлекува од челната функција. Неговата ненадејна оставка ќе стапи на сила од 1-ви февруари.

Ким (59) требаше да ја извршува оваа функција до 2022 година, откако во 2017 беше повторно избран за втор петгодишен мандат.

Светската баннка во соопштението наведува дека тој заминува “во фирма и ќе се фокусира на зголемување на инфраструктурните инвестиции во земјите во развој”.

„Голема чест беше да бидам претседател на оваа извонредна институција, полна со исклучителни поединци посветени на мисијата за искоренување на екстремната сиромаштија“, наведува Ким во писмената изјава.

Сепак, нема детали за ваквата недандејна оставка.

Кристалина Георгиева, главен извршен директор на Светската банка, ќе ја преземе улогата на привремен претседател.

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

КПХФВ: Уличниот стил во Копенхаген ја обликуваше и обои радоста

Вистина е дека, со целиот хип околу Париската недела на висока мода, Копенхаген можеби ост…