Џеј Ло со стил во Лас Вегас за крај на фантастичната мега-турнеа со 120-ти концерт


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Планетарно популарната пејачка и актерка Џенифер Лопез го одржа последниот концерт во Лас Вегас, што беше рекордниот 120 настап на популарната пејачка во изминатите три години.

Нејзиното момче Алекс Родригез пред последниот концерт објави видео на кое може да се види како атрактивната пејачка вредно тренира во теретана за да остане во форма и да даде се од себе на секое излегување на сцената.

„Она што ја прави голема е тоа што секоја вечер и го дава на публиката. Кога ќе излезе на бината, публиката од неа го добива она што е најдобро. Ова правило важи за сите нејзини концерти од првиот до овој последниот. Таа вредно работи денеска како и секој друг ден, и прекрасно е да се гледа“, напиша меѓу другото Алекс Родригез за својата сакана.