Џафери: Ако се укинат трошоците за пратениците, функционерите во Влада нека доаѓаат со тротинет


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Собранискиот спикер Талат Џафери е против укинување на патните трошоци на пратениците – ветувањето кое го даде СДСМ пред изборите.

Според Џафери оправдано е пратениците кои не живеат во Скопје да користат превоз на државен трошок, и вели не треба на нив да се гледа како на некакво зло, туку институциите да ги казнуваат тие што вршат злоупотреби. На брифинг со новинарите, претседателот на Собранието рече ако Владата поднесе предлог за укинување на патни трошоци, тој ќе поднел предлог-закон да им се одземат службените возила на функционерите и вели, нека одат на работа со тротинети, пренесува „Канал 5“.

Во пресрет на собраниските седници, Џафери рече дека засега нема можност од онлајн работа на пратениците бидејќи се работи за комплициран процес од технички, финансиски и веродостоен аспект. Најави измени во Деловникот, а дотогаш ќе ги користат поголемите сали во Парламентот. Доколку некој од пратениците е ковид-позитивен, ќе гласа исто како Арбен Зибери во посебна кабина и протоколи на движење.

Приоритетите во новиот мандат, собранискиот спикер вели дека се поврзани со корона кризата. Темите економија, протоколи, здравство и реформи во прилог на евроинтеграцијата на земјава рече дека се на врвот на неговата листа како Претседател, а уверува дека со опозицијата ќе имаат посодветен однос за разлика од претходниот мандат.

Инаку, од минатиот парламентарен состав, Џафери рече дека вкупно 44 пратеници побарале апанажа, што значи дека уште една година ќе земаат пари од државата во висина на пратеничката плата.