Дерматолозите предупредуваат: Овие грешки редовно ги правиме кога се тушираме


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


И хигиенскиот третман на нашето тело и кожата треба да биде умерен и во рамки на нормалата, без да се претераува со претерано одржување на чистотата кое може да има и спротивен, негативен ефект, предупредуваат дерматолошките експерти.

Долготрајното капење со топла вода може да доведе до длабоко сушење на кожата, предупредуваат дерматолозите. Тие врдат дека може да предизвика црвенило и иритација на кожата, како и други проблеми.

Ако за време на туширањето се создава пареа во бањата, тоа е знак дека водата е премногу топла и треба да ја намалите температурата. Исто така, се препорачува да се скрати времето за туширање за да се намали потрошувачката на вода и да се помогне на вашата кожа.

Обидете се да го намалите времето на помалку од десет минути, од моментот на одење под туш до излегување од бањата – вели дерматологот Давал Банусали.

-Секој период подолго од тоа прави повеќе штета отколку добро на кожата, вели тој.

Една вообичаена грешка е прекумерна употреба на гелови за туширање кои содржат интензивни активни состојки.