Home Актуелно Денеска сончево време, попладне и вечер се очекуваат врнежи од снег

Денеска сончево време, попладне и вечер се очекуваат врнежи од снег

И денеска, 2. февруари, времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи кои ќе бидат претежно од снег со слаб до умерен интензитет.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд и снег, а дневната температура ќе достигне до 10 Целзиусови степени. Маврово 2, Охрид 7, Битола 8, Крива Паланка 7, Берово 5, Кавадарци 10, Дојран 12 степени.

Утре претпладне ќе време локален слаб снег и дожд, преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Дневните температури ќе се движат од 1 до 9 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…