Home Актуелно Денес сонце, од утре повторно дожд

Денес сонце, од утре повторно дожд

Денеска времето ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува умерен јужен ветер.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 18 Целзиусови степени, Крива Паланка 16, Маврово 9, Охрид 15, Битока 7, Кавадарци 20, Берово 14, Дојран 20.

Од утре под влијание на нов влажен бран, ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни (над 25л/м2).

Во вечрните часови и во текот на ноќта кон четврток поради спуштање на постуден воздух од север, на планините врнежите ќе бидат од снег, при што ќе се формира нова снежна покривка.

Во четврток и петок ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, а поради разведрувањето, во петок и во деновите од викендот утринските температури на места ќе се спуштат под нула, прогнозира УХМР Македонија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…