Home Актуелно Денес сончево време со температура до 39 степени

Денес сончево време со температура до 39 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и уште потопло. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. Утринските температури ќе се движат од 12 до 21, а дневните максимални од 31 до 39 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде многу висока и ќе изнесува 9.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерен западен и северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 18 до 38 степени.

Метеоролозите најавуваат дека од утре следува период на нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а локално се можни и поинтензивни процеси. Ќе дува засилен северозападен ветер, па дневната температура од вторник значително ќе се намали.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…