Денес променливо облачно, попладне со дожд


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Променливо облачно време од пладневните часови со повремени врнежи од дожд со услови за ретки грмежи, а кон крајот на денот и во текот на ноќта на планините со повремен снег.

Ќе дува и умерен, во западните делови повремено засилен западен ветер, кој кон крајот на денот ќе преминува во постуден северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 2 до 9 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 11 до 23 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 7 и дневна до 21 степен.

Од понеделник температурите позначително ќе опаднат, ќе има и повремени врнежи од дожд претежно во југозападните и јужните делови, а на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Потоа ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури (во средината на неделата од -2 до 4 степени), а дневните ќе бидат во постепен пораст.