Денес петмина починати и 142 нови случаи на коронавирус


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во последните 24 часа во Македонија пет лица починаа од коронавирус, а потврдени се 142 нови случаи. Оздравеле 98 пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Направени се 1.542 тестирања, а најголем број нови случаи се потврдени во Скопје – 37, Куманово – 18 и Тетово – 13. Потоа во Дебар – 1, Штип – 3, Прилеп – 8, Струга – 3, Битола – 4, Гостивар – 9, Струмица – 4, Крива Паланка – 8, Радовиш – 1, Крушево – 1, Кочани – 5, Пробиштип – 3, Македонски Брод – 2, Пехчево – 4, Берово – 2, Валандово – 1, Виница – 3, Делчево – 7, Кратово – 1, Кичево – 2 и Ресен – 2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 98 оздравен пациент од: Скопје – 20, Куманово – 10, Штип – 10, Прилеп – 4, Тетово – 3, Струга – 11, Велес – 4, Битола – 3, Охрид – 2, Кавадарци – 4, Гостивар – 6, Гевгелија – 1, Струмица – 1, Кочани – 1, Пехчево – 2, Берово – 3, Виница – 1, Делчево – 4, Свети Николе – 3 и Кичево – 5.

Починати се пет лица, пациент од Гостивар (69 г.), од Прилеп (84 г.), од Охрид (84 г.), од Македонски Брод (46 г.) и пациент од Штип (58 г.).