Home Актуелно Денес ќе имаме облачно време – од утре затоплување

Денес ќе имаме облачно време – од утре затоплување

Во Македонија денес, среда, 27 февруари, ќе имаме променливо облачно време со услови за слаб локален дожд. На планините локално ќе провејува слаб снег, претежно во северните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 8 Целзиусови степени, Маврово 1, Охрид и Прилеп 6, Кавадарци 7, Крива Паланка 5, Берово 4, Дојран 11 степени.

Од утре ќе преовладува сончево со значителен пораст на дневната температура. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Дневните температури ќе се движат од 7 степени во Маврово, Берово 8, Крива Паланка и Охрид 10, до 11 во Прилеп, 13 во Кавадарци, 14 степени во Скопје и 15 во Дојран.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…