Home Актуелно Дел од демонстрантите пред Влада со камења, јајца и тоалетна хартија фрлаа кон владината зграда

Дел од демонстрантите пред Влада со камења, јајца и тоалетна хартија фрлаа кон владината зграда

На денешниот протест пред Влада, демонстрантите почнаа да фрлаат со камења, јајца и тоалетна хартија кон владината зграда, а се слушаат и експлозии веројатно од петарди. Демонстрантите кои ја пробија и заштитната ограда ги предводи пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев.

Дел од демионстрантите се судрија со полицијата која постави кордон пред зградата на владата, откако ја пробија заштитната ограда и започнаа да фрлат по полицијата со камења.

Демонстрантите извикуваат „Оставка, оставка“, се пеат патриотски песни, свирежите стануваат се погласни и тензијата се повеќе расте.

Претходно, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги повика граѓаните на голема масовност затоа што, според информациите на опозицијата, владата утре има намера да го прифати предлогот на француското претседателство.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…