Даниела Арсовска објави дека оди во втор круг за градоначалник на Скопје со над 5.000 гласа предност пред Шилегов


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хандидатката за градоначалничка на Скопје поддржана од досега опозицискиот блок на чело со ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Арсовска, објави попладнево дека влегува во вториот круг со предност од 5 334 гласа пред кандидатот на СДСМ и досегашен градоначалник, Петре Шилегов.

Таа рече дека изборниот резултат од вчерашното гласање покажува дека скопјани сакаат промени. Исто така, таа го критикува Шилегов за, како што рече, лажни ветувања и за црна кампања против неа.

„Скопјани донесоа голема победа за водство во првиот круг Голема победа која покажува дека знаеме дека во Скопје е време за промени. На скопјани им е доста од лажни ветувања. Овие три недели за мене беа интересна трка, која покажа дека црната кампања веќе не поминува кај скопјани“, рече Арсовска.

Освен на оние кои гласале за неа, Арсовска им се заблагодари за поддршката и на ВМРО-ДПМНЕ, на Алијанса и на Алтернатива. Рече, исто така, дека е позитивно изненадена од граѓански иницијативи кои станаа дел од советите.

Совет на Град Скопје со речиси 82 отсто обработени податоци: ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ со над 21 илјада гласа

„Нивните програми ќе бидат дел од моите приоритети во четиригодишниот мандат. Во оваа прилика ги повикувам сите оние кои не се задоволни од досегашните градски власти, да се здружи,е и да ги победиме. Скопје не смее да биде град на политика, туку треба да биде модерна метропола“, рече Арсовска.

Според последните резултати од ДИК, од над 92 отсто обработени избирачки места, таа влегува во вториот круг како прво пласирана, со освоени над 37 проценти од гласовите, во конкуренција со уште 11 кандидати за скопски градоначалник. Во вториот круг, Арсовска ќе има директен дуел со Шилегов, кој вчера освои над 34 проценти од гласовите на излезените избирачи.