Дали недостатокот на желба за секс кај жените е наследен и што влијае на тоа?

Веројатно секоја се случило некогаш едноставно да нема еднаква желба за секс. И додека некои луѓе имаат порив за секс секој ден, дури и по неколку пати дневно, други сексот го сметаат за споредна работа во животот.

Можеби тоа е така бидејќи немате исто ниво на либидо, односно не сте еднакво напалени. Многумина зборуваат за тоа што всушност е нормално ниво на напаленост, додека други тврдат дека такво нешто не постои. Сепак, нашата желба за секс, тврдат научниците, не е наследна. Но, затоа постојат низа фактори кои влијаат врз неа.

Сето тоа е поради хормоните

Доктор Рајан Пастернак вели дека нашето ниво на напаленост зависи од различни фактори. „Напаленоста е од индивидуална природа и зависи од комбинација од биологија, неврологија, психологија и социјална интеракција“. Поточно, станува збор за ниво на тестостерон и допамин, а тие повремен растат и паѓаат.

„Нивото на хормоните зависи од јајниците, адреналинот и ективноста на ензимите кои се наоѓаат во ќелиите низ телото и кои можат естрогенот да го претворат во тестостерон. Токму хормонот тестостерон игра важна улога за женското либидо“, вели доктор Мајкл Ингбер од Центарот специјализиран за женско здравје.

Ова е само една од причините зошто кога жените пијат контрацепциски пилули може да дојде до намалена желба за секс. Имено, апчињата во себе немаат тестостерон, па се намалува либидото, а истото се случува и кај антидепресивите кои го намалуваат нивото на допамин во мозокот. Ако некоја жена ја загрижува недостатокот на желба за секс, може да се посоветува со својот гинеколог.