Home Актуелно Дали Милошоски, сепак, заминува во нотарски води?

Дали Милошоски, сепак, заминува во нотарски води?

Антонио Милошоски, носител на пратеничката листа на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 5, според документ кој го објави опозицискиот пратенички кандидат Петре Шилегов, издаден завчера, ќе работи како нотар.

Ова е официјален документ од Министерството за правда, според којшто министерот за правда само ден по изборите, формирал комисија за да изврши проверка на просториите и опремата во коишто ќе се смести Антонио Милошоски како нотар.

Од документот се гледа дека Министерството за правда побарало од Нотарската комора на Македонија увид во условите за работа на Милошоски како нотар уште пред изборите, на 7 декември.

На улица Орце Николов бр 20/2 е канцеларијата којашто е запишана во овој документ, а во која нотарски услуги ќе дава носителот на ИЕ 5 на ВМРО-ДПМНЕ, соработникот на Груевски, Милошоски.

Останува прашањето дали Милошоски ќе се пренасочи во помирните нотарски води на правната струка, или ќе остане во политичките води?

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…