Home Вебкафе Cormorant е првата летечка роботизирана брза помош

Cormorant е првата летечка роботизирана брза помош

Нова автоматизирана летечка брза помош го комплетираше својот прв соло лет, нудејќи потенцијално решение за предизвикувачките спасувачки мисии, особено оние кои се одвиваат на тешко пристапни терени.

На ваквите терени досега можеа да се користат само хеликоптери, меѓутоа нив им треба поголема површина за да полетаат и слетаат, а во воените зони тие се често и цели на непријателскиот оган.

2-1-cormorant1

Израелската компанија Urban Aeronautics го комплетираше тестот на ова роботско летало кое еден ден би можело да лета онаму каде што хеликоптерите не можат.

Наречено Cormorant (претходното име му е AirМule), ова автономно летало е дизајнирано да пренесува луѓе или опрема, без човечки пилот како дел од екипажот.

2-1-cormorant2

Cormorant користи цевчести вентилатори наместо пропелери или ротори за да се движи – овие вентилатори се всушност заштитени ротори кои на леталото му овозможуваат без поголем ризик да се удри во ѕид или гранки, бидејќи не можат лесно да се оштетат.

За да се пилотира, леталото користи ласерски мерачи на височина, радар и сензори. Системот е доволно „умен“ самиот да се коригира доколку направи некоја грешка – на пример, доколку е тргнат некаде да слета но теренот не одговара за тоа, тој ќе го промени курсот додека да најде пристапен терен.

Тест летот траел околу две минути и се одвивал на отворен простор каде што немало никакви пречки за летање, така што се потребни понатамошни тестови кои ќе покажат како леталото ќе се однесува во по непристапни околини и при подолги летови.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…