Home Актуелно Чуварот на Заев и Спасовски, Сашо Тасевски – нов директор на Бирото за јавна безбедност

Чуварот на Заев и Спасовски, Сашо Тасевски – нов директор на Бирото за јавна безбедност

Според информациите кои ги пренесуваат дел од македонските портали, а кои се повикуваат на високи извори од МВР, Сашо Тасевски е назначен за нов директор на Бирото за јавна безбедност. Според Press24, се очекува оваа одлука денес да помине на седница на Владата.

Тасевски кој во јавноста стана познат како полицискиот службеник од обезбедувањето на премиерот кој извади огнено оружје за време на упадот и инцидентите во Собранието на 27 април доаѓа на местото на разрешениот Лазо Велковски кој изгоре во таканаречената афера „МВР Турс”.

Сашо Тасевски, Ацо Ангеловски и Љупчо Јаневивски, кои на 27 април како дел од обезбедувањето на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, ги бранеа премиерот Зоран Заев и  останатите пратеници од парламентарното мнозинство, добија признанија за посебен придонес во работењето на МВР. Признанијата им беа доделени минатата година во Штип кадешто се прославуваше Денот на Полицијата.

Сашо Тасевски е магистер по безбедност и докторант на Факултетот за безбедност во Идризово. Од 2001 година има работено кај претседателот на државата Бранко Црвенковски, во одделот за странски делегации, потоа кај министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. На почетокот на кариерата бил припадник на единицата за специјални задачи „Тигар“. Има посетувано курс за обезбедување ВИП личности во САД, во 2004 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…