Човек со ладно оружје повреди шест лица во Париз – полицијата го уби напаѓачот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најмалку 6 лица беа повредени утрово во Париз во нападот со нож на железничката станица Гар ду Норд, јави француската телевизија БФМ.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин на Твитер објави дека „едно лице повредилo неколкумина на железничката станица Гаре ду Норд во Париз“. Тој додаде дека тоа лице било „неутрализирано“ од полициските сили.

Француските медиуми претходно објавија дека маж повредил неколку лица со нож на железничка станица и дека полицијата потоа го убила.

Францускиот железнички оператор СНЦФ, исто така, на Твитер објави дека полицијата денеска отворила оган врз „опасно лице“ кое повредило патници на една од главните железнички станици во Париз, Гаре ду Норд, и дека сообраќајот во реонот е во застој.