Четврток носи сонце и магла


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Овој јануарски четврток во Македонија носи сончево време со слаб до умерен северен ветер. Во котлините ќе има појава и задржување на магла.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до еден степен, а дневната температура од три до 13 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до минус два, а дневната температура до шест степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно време, по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност, особено во претпладневните и вечерните часови. Утре ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој ќе услови делумно намалување на маглата.