Home Шоубизнис Четврта принова за Ким и Канје – бебето го роди сурогат мајка

Четврта принова за Ким и Канје – бебето го роди сурогат мајка

Славниот шоубизнис брачен пар Ким Кардашијан и Канје Вест добија четврта принова во нивното семејство, бебе кое на свет го донесе сурогат мајка.

Старлетата Ким Кардашијан и нејзиниот сопруг, раперот Канје Вест, добија и четврто дете. Суриогат мајка им роди момче. „Тука е и совршен е!“, напиша Ким на Твитер.

Малку подоцна напиша дека малото синче изгледа исто како нивната најмлада ќерка Чикаго . „Сигурна сум дека со време ќе се смени, но сега изгледа исто како неа“, додаде славната старлета.

Првите две деца, Норт и Сеинт, кои имаат 5 и 3 години ги роди Ким, додека Чикаго, која има 1 година и новороденото ги роди мајка сурогат.

Kардашијан и нејзиниот сопруг решија да користат сурогат мајка затоа што Ким имаше здравствени проблеми за време на претходните бремености и секоја наредна бременост би била премногу ризична.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …