Четиригодишно дете повредено во сообраќајна несреќа во Скопје


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Четиригодишно дете е повредено во сообраќајна несреќа во Скопје. Како што информира полицијата, вчера во 13.04 часот на ул.„Белградска“ во Скопје, Ј.И.(38) од Скопје, управувајќи патничко возило „сузуки витара“ со кумановски регистарски ознаки, удрил во четиригодишно дете пешак.

Детето се здобило со телесни повреди и било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.