Актуелно

Четири нови наплатни рампи за патарина ќе бидат пуштени по македонските патишта

За помалку од два месеци на автопатската делница меѓу Демир Капија и Смоквица ќе „никне“ уште една наплатна рампа за патарина.

Новата патарина ќе чини меѓу 60 и 80 денари. Кога ќе профункционира и оваа патарина, патувањето со патничко возило за 150 километри автопат од Скопје до Гевгелија и назад ќе чини околу 700 денари.

Денеска директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов најави дека ќе се отворат и други нови патарини по должината на Коридорот 8 и автопатот Миладиновци – Штип.

Европската банка за обнова и развој очекува постапката за заем од 13 милиони евра да почне на 28 декември. Со овие пари ќе се финансираат надградби во системот за патарина на коридорите 10 и 8 и за патарини на автопатот Миладиновци – Штип и една на автопатот Кичево – Охрид.

To Top