Home Актуелно Честит Курбан Бајрам на сите верници од муслиманска вероисповед

Честит Курбан Бајрам на сите верници од муслиманска вероисповед

Верниците од муслиманската веросиповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам.

Со утринската молитва сабах намаз, а потоа и со молитвата бајрам намаз почнува тридневна прослава, во која почитта кон Алах муслиманите ја искажуваат со колење курбан.

Хуманизмот, хармоничните односи меѓу луѓето, меѓу човекот и светот и стремежот кон мир и благосостојба, како основни принципи на Исламот, на Бајрам се исполнуваат со посетување на роднините и пријателите и со честитки и добри желби за секој намерник.

Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој е доказ за солидарност и благосостојба.

Денеска е неработен ден за муслиманите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…