Home Вебкафе Черепоидот ќе се врати во 2018-та!

Черепоидот ќе се врати во 2018-та!

Астероидот 2015 TB145, наречен и „Halloween” астероид бидејќи при одредено осветлување и агол има форма на човечки череп, а најверојатно е мртва комета, беше откриен во 2015 година од страна на астрономите.

Првиот пат се доближил до Земјата на 31 октомври 2015 (токму за „Ноќта на Вештерките“), на растојание од околу 486.000 километри, а тоа повторно ќе го стори и во 2018-та, но подоцна во годината, бидејќи орбиталниот период му изнесува 1112 дена или нешто над 3 години.

Во 2018-та ќе ни се доближи рано во ноември и ќе биде значително подалеку од минатиот пат – околу 105 пати колку што е далечината помеѓу Земјата и Месечината.

Користејќи мноштво телескопи, било утврдено дека „черепоидот“, како што некои нагалено го нарекуваат, е долг помеѓу 625 и 700 метри, со форма на делумно сплескан елипсоид.

Причината поради која што не бил забележан сè до 2015-та е дека поголемиот дел од времето го поминува зад Марс, и е навистина малечок и темен – неговото албедо, т.е светлината која ја рефлектира, е еквивалентна на парче јаглен.

Неговата орбитална ексцентричност и наклон сугерираат дека некогаш бил дел од комета која ги изгубила сите испарливи соединенија по многуте орбити околу Сонцето, а сега е само мртва карпа која лета низ Вселената.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…