Во Прилеп вчера започнаа серијата протести против најавената промена на името на државата. Прилепчани побараа и ослободување на приведените за настаните во Собранието на 27 април минатата година, како и спречување на Законот за двојазичност на целата територија на Република Македонија. Пред присутните се обратија претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров, професорката по историја Виолета Ачкоска и аналитичарот Сотир …