Home Вебкафе Бугарите се незгодни кога им паркираш непрописно

Бугарите се незгодни кога им паркираш непрописно

Граѓаните на Софија ги зедоа работите во свои раце. Имено, во градот се појави група која бара неправилно паркирани возила и ги казнуваат возачите со – натписи и графити.

Сето тоа се случува зашто институциите во бугарската престолнина се амнестирале себеси од одговорноста, па луѓето мораат самите да воведат ред, објавува бугарски „Монитор“, дополнувајќи дека граѓаните со спреј пишуваат „Отстрани го автомобилот“.

За да го отстранат од срамниот натпис, несовесните возачи ќе мора да платат најмалку 1000 лева (над 500 евра).

– Не е ова начинот, но веќе стануваме робови на овие автомобили. Секој искомплексиран си купува сешто без оглед дали му треба или не и сите треба да го поднесуваме тоа. Жално е што ги нема институциите, што би го замениле спрејот, напиша еден загрижен граѓанин објавувајќи на Фејсбук фотографија од туѓ вандализиран автомобил.

Слична акција и претходно спроведуваа вакви групи, кои ставаа лепенки на кои пишуваше „Паркираш како идиот”, „Извинете што сум простак”, „Јас сум идиот”, „Сакам да сум инвалид” на возила чиишто сопственици ги паркирале каде што не треба или пак, зафатиле место наменето за лица со попреченост.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

🔮 ChatGPT открива: Што вели талогот од кафе? Откриј каква порака крие твојот филџан!

Гледањето на кафе е стара традиција што луѓето ја користат за да дознаат што ги чека во ид…