Home Актуелно Бројот на заразени од коронавирусот во Германија се искачи на 1.112 лица

Бројот на заразени од коронавирусот во Германија се искачи на 1.112 лица

Во Германија бројот на официјално потврдени заразени лица од коронавирусот се зголеми за 265 пациенти во изминатите 24 часа и се искачи на 1.112 лица, пренесува дневниот извештај на истражувачкиот институт „Роберт Кох“.

Најголем број заразени, 484 лица, се регистрирани во сојузната покраина Северна Рајна-Весрфалија. Во Баварија има 256 заразени, во Баден-Виртенбегр има, пак, 199 пациенти. Случаи се регистрирани во 15 од 16-те германски сојузни покраини.

Ризикот од инфекцијата истанува и натаму „умерен“, забележува Институтот. Министерот за здравство, Јесн Шпан, претходно изјави дека врвот на ширењето на болеста во Германија сѐ уште не е поминат. Додаде, исто така, дека во 80 отсто од случаите, кај пациентите болеста се манифестира во блага форма или воопшто без симптоми.

Министерот, по угелдот на соседна Франција, препорача и откажување на сите масовни настани со учество од над 1.000 лица, во напорите за сузбивање на епидемијата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…