Бројот на новозаразени со Ковид-19 во Македонија зголемен за 80 проценти


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бројот на новозаболени од ковид-19 во Македонија забрзано се зголемува. Матичните лекари сметаат дека најавениот бран за наесен пристигнува порано од очекуваното.

Пациентите се над 30 години, со полесни симптоми, а за ширење на вирусот придонесе олабувањето на мерките, но и заборање на основните хигиенски навики. Според податоците на ИЈЗ, бројот на позитивни на ковид е зголемен за 80% во споредба со минатата недела.

И во светот, подваријантите на омикрон сојот БА4 и БА5 се побрзо се шират. Во соседните земји, исто така се регистрираат над илјада заболени на дневно ниво. Бугарија од понеделник ги враќа заштитните маски во затворено, а ќе се ограничат и собирањата на многу луѓе на едно место.