Home Актуелно Брисел задоволен од компромисната рамка за името која ја договорија Димитров и Коѕијас

Брисел задоволен од компромисната рамка за името која ја договорија Димитров и Коѕијас

Никола Димитров и Никос Коѕијас на средбата во Брисел постигнаа рамка за компромис за името, а европските дипломати најавуваат поддршка на решението. Во меѓувреме се очекува нов разговор на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција постигнале рамка за компромис за името, а европските дипломати се охрабрени од напредокот во преговорите. Вакви вести стигнаа од Брисел каде што македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров на работен појадок ги брифираше европските колеги за случувањата поврзани со спорот.

Сите сме охрабрени од напредокот што е постигнат во преговорите меѓу Скопје и Атина рече високата претставничка на Европската унија Федерика Могерини по работниот појадок на министрите.

„Сите ќе работиме да го поддржиме и да го придружиме, се надевам, позитивниот исход од овие важни преговори” рече Могерини.

Претходно, министерот за надворешни работи Димитров рече дека претходниот ден со својот грчки колега Никос Коѕијас во Брисел постигнале рамка за компромис за името.

Извор: Радио Слободна Европа

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…