Брезеви од сторијата „Нечиста крв“ на ИРЛ осум месеци чекаат одговор од обвинителството за кривичната пријава против „Жан Митрев“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Семејството Брезеви осум месеци чека повратна информација од скопското Јавно обвинителсто, по поднесената кривична пријава за клиничката болница „Жан Митрев“, објави Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ).

На 27 – ми октомври 2021 година, семејството ја доставило пријавата преку нивната адвокатка, сомневајќи се во причините за смртта на Никола Брезев кој се лекувал од ковид 19 во оваа приватна болница.

Обвинителството по речиси осум месеци од пријавата на Брезеви, се уште ги утврдува фактите, а побарале информации и од болницата. ИРЛ објавува и дека на 12 – ти април годинава, до обвинителството адресирана е нова кривична пријава против „Жан Митрев“. Сега пациенти од Косово бараат обвинителството да утврди пропусти во лекувањето оти болницата хоспитализира пациенти и од регионот.

Обвинителството вчера извести дека по допрен глас ќе оформи предмет откако јавно се емитуваше документарното истражување на ИРЛ, „Нечиста крв“. Сепак, од Обвинителството не можат да одговорат дали претходните две кривични пријави доставени до нив за третманот на пациенти во болницата „Жан Митрев“ ќе станат дел од ново оформениот предмет.

Јавната реакција на Обвинителството доаѓа откако истражувањето на ИРЛ покажа дека приватната болница која прими најмногу пациенти за време на ковид-19 пандемијата и во која лекувањето чинеше десетици илјади евра, го применувала методот хемофилтрација (филтрирање на крвта) кој, практичн, бил клиничка студија. Наспроти домашното законодавство, клиничките студии не биле пријавени и одобрени од МАЛМЕД.

Во научните трудови објавени врз основа на клиничките студии во „Жан Митрев“ пишува и дека значителен дел од пациентите добиле интрахоспитални инфекции за време на лекувањето. Тоа го тврдат и дел од роднините на починати пациенти во болницата. Според Центарот за јавно здравје – Скопје, клиниката „Жан Митрев“ ниту еднаш не пријавила појава на интрахоспитални инфекции, иако по закон треба да го извести овој државен орган.