Бред Пит се врати во јавниот живот и тоа рака под рака со неговата колешка и пријателка Џулија Робертс.

Холивудскиот актер го немаме видено откога Анџелина го поднесе барањето за развод и старателство на децата.

Бред беше дел од промоцијата на филмот Moonlight во Лос Анџелес кој го продуцираше преку својата компанија План Б.

Судејќи по фотографиите, актерот е во добра форма и покрај бурните случувања во неговиот приватен живот, а Џулија е тука да му ја даде целата пријателска поддршка.
