Home Шоубизнис Бред Пејсли и Лејни Вилсон се пошегуваа на сметка на свадбата на Тејлор Свифт на доделувањето на наградите ЦМА

Бред Пејсли и Лејни Вилсон се пошегуваа на сметка на свадбата на Тејлор Свифт на доделувањето на наградите ЦМА

Лејни Вилсон, со помош на кантри-легендата и голем обожавател на Тејлор Свифт, Бред Пејсли, го отвори доделувањето на наградите ЦМА за 2026 година со низа шеги. Церемонијата се одржа во средата, на 18 ноември, во арената „Бриџстоун“ во Нешвил.

Во воведниот монолог, 34-годишната пејачка и Пејсли се пошегуваа за нејзината свадба, но и за онаа на Свифт.

„Се омажи? Во која арена беше свадбата?“, праша Пејсли, алудирајќи на свадбата на Свифт во „Медисон сквер гарден“. Вилсон и Хоџис, пак, го изговориле судбоносното „да“ во пештера.

„Никогаш нема да заборавам што ми рече сопругот кога баравме место за свадбата“, рече Вилсон, најавувајќи уште еден свој шеговит музички стих: „Извини, ама никогаш не ти ветив свадба во Медисон сквер гарден“.

Тејлор Свифт

Камерите потоа ја прикажаа 36-годишната Свифт, која се смееше заедно со својата блиска пријателка Британи Махоумс. Британи е во брак со Патрик Махоумс, соиграчот на Келси во Канзас Сити чифс.

„Не ми се верува дека не бев поканет на твојата свадба“, продолжи Пејсли. „На свадбата на Тејлор бев. Здраво, Тејлор! Ме паметиш? Јас ги изедов сите ракчиња“.

За Вилсон ова беше третпат да ја води најголемата вечер на кантри-музиката, а настанот за неа имаше дополнително значење поради трите номинации. Таа беше во трка за наградите за забавувач на годината, сингл на годината и пејачка на годината.

Но, настрана од шегите, Вилсон смета дека самото присуство на доделувањето, како и освојувањето награди ЦМА, претставува огромна чест.

„Мислам дека тоа значи да ја претставуваш кантри-музиката како жанр, каква и да е формата. Секоја година кога сум номинирана за забавувач на годината, тоа за мене има поинакво значење. Мислам дека суштината е да го претставиш жанрот во најдобро можно светло. А има многу луѓе што го прават тоа“, изјави таа во поткаст.

Кога Вилсон ја освои наградата за забавувач на годината во 2023 година, стана првата жена по една деценија што победила во оваа категорија. Вторпат го освои признанието на доделувањето во 2025 година.


Извор: US Weekly

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Ченинг Тејтум и Џема Чен на премиерата на „Џозефин“ во Лос Анџелес

Ченинг Тејтум и Џема Чен го претставија новиот трилер „Џозефин“ во Лос Анџелес, заедно со …