Home Мода и убавина Бразилски маникир: Техника за совршено лакирани нокти без дамки

Бразилски маникир: Техника за совршено лакирани нокти без дамки

Во моментот, не постои поголем тренд во светот на маникирот од бразилскиот.

Иако оваа техника не е нова, во последните месеци стекна огромна популарност – пребарувањата за неа на Google и TikTok нагло пораснаа, а beauty инфлуенсерките ја обожуваат.

Што точно е бразилски маникир?

Станува збор за специфичен начин на лакирање на ноктите, кој вклучува нанесување на бојата во изобилни слоеви, така што лакот ја покрива и кожата околу ноктите. На прв поглед изгледа неуредно, но токму овој трик осигурува дека бојата ќе стигне до самиот раб на ноктот, без празнини што често се појавуваат кај класичниот маникир.

Откако ќе се нанесе лакот, вишокот внимателно се отстранува со дрвено стапче завиткано во памук натопен во ацетон, оставајќи ги ноктите совршено прецизно налакувани. Резултатот? Софистициран, долготраен и беспрекорен маникир, кој изгледа како штотуку излезен од луксузен салон за убавина.

Зошто бразилскиот маникир е толку револуционерен?

Освен што ноктите изгледаат совршено, оваа метода го продолжува траењето на лакот и ги намалува видливите израстоци. Уште една предност? Нема потреба од прецизност при нанесувањето на лакот! Заборавете на фрустрирачките нерамни линии – чистењето на крајот од процесот обезбедува беспрекорен изглед.

Како изгледа постапката?

Пред воопшто да започнете со лакирање, важно е да ги подготвите ноктите:

✔️ Темелно отстранување на кутикулите – клуч за уреден финиш.

✔️ Благо турпирање и чистење на ноктите – за подолго траење на лакот.

✔️ Нанесување на изобилна количина лак – дозволете бојата да ја премине линијата на ноктот!

✔️ Топ-коат за дополнителен сјај и заштита.

✔️ Внимателно отстранување на вишокот лак со стапче натопено во ацетон.

✔️ Хидратација на кутикулите со масло или хранлива крема.

Можеме ли сами дома да го постигнеме овој ефект?

Апсолутно! Ова е уште една причина зошто бразилскиот маникир владее со светот на убавината – не мора да бидете професионалец за да го совладате.

Трикови за максимален ефект:

💡 Пред нанесување на лакот, нанесете тенок слој вазелин околу ноктите – лакот подоцна полесно ќе се избрише.

💡 Користете ја техниката „три потези“:

– Прво повлечете линија на лакот по средината на ноктот.

– Потоа една на левата страна.

– И на крај една на десната страна, за рамномерно распоредување на бојата.

Дали оваа техника има маани?

Единствената забелешка е употребата на силни средства за отстранување на лак, како ацетон, што може да ги суши ноктите и кожата. Ако имате чувствителни нокти, се препорачува поблаг отстранувач на лак или дополнителна хидратација по маникирот.

Дали треба да го испробате бразилскиот маникир?

Ако сакате професионален, прецизен и долготраен маникир без напор, одговорот е дефинитивно – да! Без разлика дали преферирате класични nude нијанси или сте обожавателка на смели, впечатливи бои, бразилскиот маникир ќе ги направи уште позабележливи.

Подготвени да го испробате?

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мода и убавина
Comments are closed.

Check Also

Рибарска естетика: Тренд што ќе го олесни преминот кон пролет

Во модата најмногу ја сакаме нејзината моќ да нè пренесе во некој друг свет, а најновиот т…