Home Актуелно Боки 13 во Апелациониот суд, бара укинување на притворот

Боки 13 во Апелациониот суд, бара укинување на притворот

Почна јавната седница во Апелациониот суд по жалбата за притворот на Бојан Јовановски познат како Боки 13, кој е осомничен во случајот „Рекет“.

Јовановски утринава од затворот во Шуто Оризари беше донесен во судницата. Седницата доаѓа откако Кривичниот суд му го продолжи притворот за нови 30 дена.

Јовановски, заедно со осомничениот Зоран Милевски – Кичеец, се во притвор од 15 јули. Во притвор за истиот случај е и поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева.

Боки 13 и Кичеец се осомничени дека зеле 1,5 милиони евра за преку јавен обвинител врз кој имале влијание да ја олеснат положбата на лице кое е под истрага. Двајцата се осомничени за кривичното дело Примање награда за противзаконито влијание, а Боки 13 е осомничен и за кривичното дело Перење пари. Истрагата за „Рекет“ потоа беше проширена и за Јанева, која е осомничена за злоупотреба на службената должност.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…