Home Вебкафе Бизарно: Во лет снимал како отпаѓаат делови од авионскиот мотор (видео)

Бизарно: Во лет снимал како отпаѓаат делови од авионскиот мотор (видео)

Едно видео од авион на компанијата „Јунајтед ерлајнс“, кое неодамна предизвика огромно внимание на социјалните мрежи, прикажува бизарни кадри на кои отпаѓаат делови од моторот на авионот додека истиот е во лет.

Според информациите, авионот летал од Сан Франциско за Хонолулу, Хаваи, а оваа опасна ситуација била регистрирана од страна на еден од патниците по име Ерик Хадад.

„Ова изгледа лошо“, напишал Хадад во прилог на објавената снимка на „Твитер“. Тој објави и фотографија со саркастичен опис: „Во упатставата за безбедност при летање немам сретнато инструкции за ваква ситуација“.

За среќа, авионот слетал безбедно на аеродромот во Хаваи. Од компанијата „Јунајтед ерлајнс“ информирале дека делот кој отпаднал бил капак за моторот што всушност на влијае врз неговата работа, но сепак според протоколите, пилотот побарал итно слетување на леталото

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ген Зет повеќе се плаши да побара зголемување на плата отколку да раскине врска!

Кога е полесно да кажеш „веќе не те сакам“ отколку „сакам повисока плата“! Во свет кој се …