Бившиот началник на УБК повторно во обвинителна клупа: Ново судење за Тврдина


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во Кривичниот суд за денеска е закажно ново рочиште во случајот на СЈО Тврдина 2 во кој се обвинети поранешниот началник на УБК, Горан Грујевски и шестмина вработени во УБК за уништување документација поврзана со системите од незаконското прислушување.

Тие се товарат дека уништиле 2.047 службени списи, од кои 22 се однесуваат на системите за следење на комуникациите. На минатото рочиште, обвинителката Ленче Ристоска пред заменскиот судија рече СЈО дошло до бараните документи од УБК, бидејќи министерот за внатрешни работи Агим Нухиу издал две решенија за декласифицирање на доказите. Негативен одговор добиле само за барањето за декласификација на деловодните книги на УБК.

Обвинителката Ленче Ристоска потенцираше дека Управата одбива да ја прими поштата на СЈО и затоа одговорот на барањето на СЈО до УБК е доставен од Министерот за внатрешни работи. На судењето беше присутна само адвокатката на една од обвинетите, Сања Алексиќ.

Обвинителот од СЈО Трајче Пеливанов од судот побара да се утврди зошто нема образложение за отсуството на сите останати, односно на обвинетите Горан Грујевски и службеничките во УБК и на нивните бранители.

Инаку Грујевски е обвинет за фалсификување на службена исправа, односно документи со кои било прикриено уништувањето на системите за следење на комуникациите, а во Тврдина за уништување на системите за прислушување.