Бил Гејтс продава акции – дел од берзанскиот свет тоа го чита како лош знак


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бил Гејтс предизвика внимание со некои од неговите последни потези на берзите. Еден од најбогатите луѓе на светот продава многу од своите акции и го менува фокусот на инвестициите, што дел од експертите го гледаат како сигнал за нова можна криза на структурите на пазарот.

Основачот на „Мајкрософт“ претходно предвиде дека би можела да се случи пандемија, а соопшти и дека пишува книга „Како да се спречи следната пандемија“.

Богатството на Гејтс се проценува на 111 милијарди долари и тој е четврти најбогат човек во светот. Многу од парите во моментов му се врзани во инвестиции, иако профилот на овие компании се менува.

Пријавено е дека Гејтс купува акции во сектори поврзани со основните човечки потреби, како што се оние во земјоделството (Фарм Сандерсон) или водата (Канадски Пацифик). Тој, исто така, купува акции во домашниот транспорт во САД, што некои го сметаат како знак дека предвидува нова меѓународна криза.