Home Вебкафе „Библиски знак“: Река ненадејно стана крваво црвена – никој не знае зошто

„Библиски знак“: Река ненадејно стана крваво црвена – никој не знае зошто

Реката Молчанка, која се наоѓа во областа на западен Сибир, преку ноќ доби крваво црвенабоја, а никој, вклучително и научниците, не ја знаат причината за оваа појава.

Додека локалното население се сомнева за оваа појава како за „библиски знак“, сепак, пореален е сомнежот дека некој вид на хемикалија ја предизвикала оваа „библиска појава“, поради што се стравува и за здравствената исправност на питката вода во блискиот град Тјумен.

„Водата ја промени бојата пред отприлика една недела, а нијансата варира помеѓу крваво црвена и црвено-портокалова“, вели Марија Парашенко од селото Новотармански.

Се претпоставува дека некој во реката има испуштено некој вид на хемикалија. Иако веднаш се пристапи кон анализа на водата, и после една недела експертите не успеаја да дознаат за што станува збор и да ја откријат причината за „крвавата“ вода.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Нова серија за Селин Дион открива како започна глобалната икона

Животот на една од најголемите музички ѕвезди на сите времиња, Селин Дион, наскоро добива …