Доколку некогаш сте се запрашале дали е возможно да се „намали“ носот на природен начин, одговорот е – без хируршки зафати, не баш. И тоа е сосема во ред.
Структурата на коски и ‘рскавица останува иста, но она што може да се промени, и тоа како, е визуелниот впечаток. Тука на сцена ступува паметно осмислениот шминкерски трикови, кои со неколку трикови можат да ги преобликуваат пропорциите на лицето и да направат носот да изгледа потесен, поправилен и попропорционален во однос на останатите црти. Без игли, без опоравување – само четки, малку вештина и добар осет за баланс.
Се се сведува на игра на светлина и сенка, онаа иста која ја користат професионалните шминкери на едиторијалите и црвените теписи. Првиот и најважниот чекор е контурирање – мал beauty класик кој никогаш не излегува од мода. Со помош на постуден бронзер, само нијанса или две потемен од тенот, повлечете две тенки, прави линии долж страничните делови на носот, од почетокот на веѓите надолу. Што се линиите поблиску една до друга, носот ќе изгледа потенко. Клучот е во добро блендирање: сè мора да изгледа природно, меко и речиси незабележително, како сенката да е одсекогаш тука.
Ако сакате врвот на носот да изгледа пократок и поелегантен, дискретна сенка под самиот крај може да направи голема разлика. Овој трик создава илузија дека носот завршува нешто порано, давајќи на лицето похармоничен изглед.
Следниот чекор е светлината – но внимателно. Тенката линија на посветол коректор или суптилен хајлајтер по средината на носот визуелно продолжува и потеснува таа зона, насочувајќи го погледот кон центарот. Правилото е едноставно: помалку е повеќе. Претераното осветлување може да има спротивен ефект, па дискреццијата е тука вашиот најдобар сојузник.
И на крај, мал beauty трик кој секогаш функционира – пренасочување на вниманието. Нагласени очи во smokey варијанта или впечатлив, сочен црвен кармин на усните моментално го пренасочува фокусот од средината на лицето. Кога остатокот од шминката „зборува погласно“, носот автоматски престанува да биде во центарот на вниманието.
Во суштина, не се работи за менување на себе, туку за нагласување на она што веќе го имате – со малку игра, самодоверба и beauty трикови кои прават да се чувствувате најдобро во вашата кожа.