Бесплатни содржини и интернет до корисниците од Телеком како извинување за долгиот прекин


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Корисниците на Македонски Телеком коишто имаа прекин на услугите во текот на вчерашниот ден како последица на невремето, во јуни ќе добијат бесплатни услуги и содржини како надомест.

Сите корисници на телевизијата MaxTV ќе можат да ги гледаат бесплатно каналите вклучени во Sport HD и Pink & Grand пакетите, како и каналите M1и M1Gold. Корисниците на Smart постпејд услугите и Мagenta 1 пакетите ќе добијат двојно повеќе мобилен интернет во јуни, a oстанатите постпејд корисници на Македонски Телеком, истиот месец ќе добијат 1GB бесплатен мобилен интернет, соопштуваат од компанијата.

Двојно повеќе мобилен интернет бесплатно во јуни, ќе добијат и бизнис корисниците на Македонски Телеком, односно корисниците на Magenta 1 Business пакетот и Business Mobile услугите. Останатите бизнис постпејд корисници, ќе добијат 2 GB бесплатен мобилен интернет за јуни.