Актуелно

Бензините со пониски цени, дизелот со иста

Од ноќеска, на полноќ, цените на бензините поевтинуваат, додека онаа на дизелот останува непроменета, соопштија од Регулаторната комисија за енергетика по новата неделна корекција која ја усвоија.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,5 денар на 68,5 денари за литар.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1 денар на 66,5 денари за литар.

Цената на дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство не се менуваат, односно остануваат на 62 и 50,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,740 денари на 32,954 денари за килограм.

Advertisements
To Top