Беар Грилс: „Се срамам што некогаш промовирав веганска исхрана и тврдев дека тоа е здраво“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Планетарно популарниот британски авантурист Беар Грилс денес отворено тврди дека „никогаш не се чувствувал посилен како сега“ и дека неговата кожа и црева „никогаш не биле подобри“ откако од своето дневно мени го исфрли режимот на исхрана базиран на растителна храна.

Инспириран од тоа како нашите предци преживеале со милениуми, Грилс јаде црвено месо, крв, коскена срцевина, како и путер, јајца, овошје и мед. Покрај зеленчукот, тој избегнува преработена храна, леб и тестенини.

„Пред неколку години бев веган, а напишав и вегански готвач и се чувствувам малку засрамено затоа што навистина го промовирав тој начин на живот и исхрана. Мислев дека тоа е добро за животната средина и мислев дека е добро за моето здравје. И со текот на времето, искуството, знаењето и учењето, сфатив дека грешам и по двете точки.“, рече Грилс.

Но, 48-годишниот Грилс е убеден дека „една од најлошите работи за животната средина“ е храната што содржи палмино масло и масло од соја.

„Тоа е страшно за животната средина, ги соголува дождовните шуми и се убива еден тон животни во тој процес“, рече тој.

Тој, исто така, не е импресиониран од преработената вегетаријанска и веганска храна која содржи масла од семки. „Порано мислев дека се брилијантни. И тогаш почнав да ги разгледувам состојките и само си помислив, чекај, ова е ужасно. Ова е толку обработено и полно со масла од семки“, рече тој.

Последниве две години Грилс е посветен на консумирањето природна храна исто како што јаделе нашите предци стотици илјади години. Тој тврди дека откако го отфрлил зеленчукот се чувствува посилно од кога и да е и дека неговата кожа и црева „никогаш не биле подобри“. И откако се префрлил на диета фокусирана на црвено месо, Грилс тврди дека почнал да ја критикува својата претходна диета базирана на растителна храна како „толку нездрав начин на живеење“.

„Јас јадев салати секој ден, а истовремено навистина сакав нездрава храна и еднаш или двапати неделно јадев и тоа – тоа всушност е вистински удар за организмот. Во основа гладувате 80 отсто од времето, а потоа се прејадувате. Тоа не е добро за телото. Сфатив дека сега сум секогаш сит кога јадам толку многу месо и јајца и путер и овошје и мед – никогаш не сум гладен“.