Барање од УНЕСКО: Охрид да се стави на листа на загрозено светско наследство и мораториум за дивоградбите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Организацијата на Обединетите нации за заштита на светското културно наследство, УНЕСКО, категорично препорачува Охрид и неговиот регион да бидат ставени на листата на загрозено светско наследство, истовремено барајќи итен мораториум на дивоградбите кои го загрозуваат статусот на светско културно наследство на овој наш природен, културен и историски бисер.

УНЕСКО бара да се процени влијанието на нелегалните градби во заштитеното охридско подрачје, да се прогласи мораториум на градбите и да се отстранат оние што преставуваат опасност, пренесува Академик.

Од организацијата оценуваат дека нема напредок во решавањето на проблемите во животната средина и дека заштитеното охридско подрачје е под континуирани закани од градежни потфати.

Активистите на Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ со години наназад алармираат и бараат да престанат нелегалните градби на охридското крајбрежје и заштитеното подрачје и бараат институциите да реагираат на грубото кршење на законската регулатива и загрозувањето на животната средина и на статусот на Охрид како град на УНЕСКО.

„Ако институциите на државата не најдат начин да се сузбие овој криминал, за какви европски вредности и перспективи зборуваме? За какво одење напред и за кого? Сигурно не за обичниот човек кој и понатаму ќе биде оштетуван и злоупотребуван“, истакнуваат граѓанските активисти.

Охрид за првпат откако е впишан како заштитено подрачја од УНЕСКО во 1979 година ќе се најде на листата на светско културно наследство во опасност.

Инаку, минатата година собраниската Комисија за култура одржа надзорната расправа на тема: „Закон за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион и сродната регулатива во контекст на Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на природното и културно наследство“. Комисијата и укажа на Владата особено да ја исполни препораката број 6 за прогласување на времен мораториум на сите градежни активности во Охридскиот Регион.